Мицкоски: Парите од Владата за Макпетрол се пари земени од устата на сиромашните, за да се дадат на олигарх близок на власта

56

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на дебатната емисија "Прашањето ми е следно" зборуваше за бескрупулозните криминали на власта, како и за оној во висина од 33 милиони евра кои беа
доделени на Макпетрол.

Мицкоски потенцираше дека се работи за голем договор на власта и Макпетрол, со кој очигледно имаат соработка поинаква од онаа која што се прикажува во јавноста, односно за Заев бизнис зделките се во прв план, додека граѓаните немаат средства
да ги поминат новогодишните и Божиќните празници.

ВМРО-ДПМНЕ се бореше и укажуваше на аномалиите во донесената одлука на Владата за доделување на огромна сума на пари на Макпетрол, која самата во изминатиот период низ низа анализи укажа на тоа дека услугите кои што се вршат чинат речиси двојно помалку. Одлуката на Владата да платат одредена услуга која чини петнаесетина милиони евра, 33 милиони евра, само кажува за тоа каков калибар на криминалци ја раководат државата", вели Мицкоски.

Тие пари не се пари на Зоран или Вице Заев, не се пари на нивните приватни фирми, тоа се пари на граѓаните кои секојдневно мака мачат да издржат во овој тежок период без редовни примања. Парите кои Заев јавно пред очите на јавноста ги украде се пари кои што се украдени од џебот на секое едно семејство, скратени се од устата на секое дете и за тоа одговорност мора да има, додаде Мицкоски.

Власта отворено соработува со неколку олигарси блиски до нив и на јавноста и е тоа познато одамна, но доделувањето на 33 милиони евра на олигарх близок до власта е преседан кој не се случил никогаш во историјата на државата, а со овој случај сигурно ќе треба да се позанимава Уставниот суд кој доколку работи по сопствено убедување и по она што се вели право, тогаш за ова ќе мора да следи сериозна одговорност, заврши Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.