Мицкоски: По 70-ина години општина Петровец ќе добие нова општинска зграда која ќе ја изгради со сопствени средства

За мене претставува посебна чест и задоволство што еве на покана на градоначалникот Борче сум овде во Петровец да присуствувам на овој исклучително важен настан не само за Општината туку и за граѓаните на општина Петровец, а тоа е поставување камен темелник на новата општинска зграда. Кажа градоначалникот дека речиси 70-тина години, повеќе од 70-тина години не е направено ништо, но еве затоа сега конечно се прави нешто кое што во рок од 6 месеци ќе ја разубави општината но и ќе има пристојни услови за работа општинската администрација, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од општина Петровец.

„И јас се надевам дека ќе има уште многу нови проекти во самата општина, но и многу инвеститори нови домашни и странски итн. кои што со задоволство во изминатиов период својот бизнис го преселија овдека или пак го формираа овдека во општина Петровец. Задоволството е уште поголемо што без поддршка од Буџетот кој што и онака гледа како ги опструира градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, со сопствени средства самата Општина успева да најде начин да реализира една ваква голема стратешка инвестиција. А, како дополнение на тоа и оваа велосипедско пешачка патека во должина од 2 ипол километри која што исто така со сопствени средства Општината сама ја гради. Значи некои си 45-46 милиони денари инвестиции кои што би требало од тоа што успеав да прочитам на таблата велосипедско пешачката патека да биде готова некаде крајот на септември месец, почетокот на октомври, а како што кажа градоначалникот општинската зграда да биде до крајот на оваа година евентуално почетокот на следната година. Продолжуваме да градиме. Градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да градат, додека Владата продолжува да краде и да се нижат тендери во 4 очи, и тоа е разликата. И јас сум убеден дека разликата која што ја препознаа граѓаните на локалните избори, ќе ја потврдиме со едно огромно парламентарно мнозинство и победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.