Мицкоски по средбата со Коалицијата: Ќе победиме убедливо и да почне поразот на заевизмот

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициона и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова, соопшти претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Ние цврсто веруваме и врз основа на  целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова, истакна Мицкоски и додаде:

Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери. А, на тој начин да се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои што јас сум цврсто убеден, а и ние како Коалиција „За подобра Македонија“ дека ќе го поразиме и трајно ќе го испратиме на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија.

Според Мицкоски, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и ќе отпочне нова ера за достоинствена, економски преродена, технолошки тигар на Балканот, достоинствена и горда Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.