Мицкоски побара одговор на пет прашња од Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција му постави прашања на премиерот  Зоран Заев, на кои, според опозицискиот лидер, Заев е должен да одговори:

1.Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кој говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев?

2.Кој се е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари?

3.Каде завршува куфер политиката и кои се луѓето што на крајот од денот се офајдиле со сумите кои што се резултат на куфер политиката

4.На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев?

5.На што тоа се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за се?

Понатаму Мицкоски додаде:

„На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори исто како што не одговори и на моите директни прашања кои ги поставив на една прес конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата“.