Мицкоски побара ослободување на фирмите за плаќање придонес за вработување, замрзнување на обврските кон банките и државата

Ако не помогне државата и влада нема од каде. Секој ден без помош значи банкрот за многу компании. Црвениот аларм е вклучен, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи на прес-конференција во средата во врска со мерките во однос на кризата со пандемијата од коронавирусот.

„Од информациите кошто стигаат до нас една компанија којашто беше корисна на средства од Агенцијата за финансиска помош и поддршка а беше поврзувана со името на еден поранешен функционер во владата на Зоран Заев од петокот е затворена и 150 вработени од таа компанија се на улица“, истакна Мицкоски.

Побара веднаш по прогласување на вонредна состојба да бидат донесени владини одлуки со законско дејство.

Мицкоски во тој контекст оцени деке е неопходно е замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.

„Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот. Така и на банките ќе им се помогне. Државата да ги ослободи компаниите од трошоците за придонеси за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот. Тоа се секторите кои што се најмногу погодени, како што се туризмот, угостителството, текстилната, кожарска и сите оние останати сектори“, рече Мицкоски.

На крајот порача до Владата, освен за пи-арот да се грижи за граѓаните.

„Немојте да се натпреварувате кој повеќе прес конференции ќе одржи, туку натпреварувајте се кој повеќе протоколи ќе усвои и како да се справиме со пандемијата. Да делуваме одговорно, да работиме за граѓаните и да работиме на здравјето на граѓаните и економијата“, заклучи Мицкоски.