Мицкоски помеѓу средби со граѓаните најде време и за преубавиот Бигорски манастир

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Дебарско-реканската и Полошката котлина. Тој оствари средба со граѓаните на Општина Дебар, а потоа се упати кон општината Маврово-Ростуше. Попладнево предвидена е и средба со жителите на Гостивар, а вечерва од 20 и 30 програмата за обвнова на Македонија ќе ја претстави пред тетовчани.

На патот од општина Маврово-Ростуше кон Гостивар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го посети преубавиот Бигорски манастир, од каде порача: Мир во срцето, спокој во душата.

Освен во Бигорскиот манастир, на пат од Дебар кон Ростуше Мицкоски сподели објава преубавиот мост “Еленски скок” и преубавата Мала река.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.