Мицкоски: Помогна Јанша, а во понеделник стига помош од уште една пријателска земја на Македонија

Во емисијата „Само Интервју“, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека како претседател на опозициона партија се обидува преку телефонски разговори со претседатели на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди помош за медицинските лица во Македонија да не се борат голораки со пандемијата.

„Навистина жалам што тие луѓе се наоѓаат во една таква незавидна ситуација, она што можеме ние како опозиција, јас како човек како политичар, како претседател на најгоелмата политичка партија да го направам секогаш сум тука и стојам на располагање. Се обидуваме преку нашите контакти надвор од нашата држава да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме“, заклучи Мицкоски.

Додаде дека во вторникот имал телефонски разговор со г. Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партијаза да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

„И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недел“, појасни Мицкоски.

Образложи дека исто таква помош ќе пристигне од исто така од блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И навести тоа се надева дека ќе се случи во понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.