Мицкоски понуди економски мерки до Владата за спас на државата

84

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека мерките на Владата не се доволни за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој на прес конференција побара да се тестираат што е можно повеќе луѓе и додаде така ќе може да се спасат повеќе животи. Мицкоски смета дека владините економски мерки не се доволни и дека сеповеќе декларативни отколку ефективни, како и нефер кон одредени компании. Тој повтори дека пред некој ден сам се понудил да оди во Владата и да ги понуди стручната анализи и предлози на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа што гледам дека и треба помош на власта, недостигаток на искрена волја и гледам дека тие не ги ни разбираат работите што треба да ги преземат, за да ја спасат економијата. Навистина жалам што никој не најде доволно одговорност кај себе за да ја потисне непотребната политичка ароганција и да сослуша, што ние предлагаме“, изјави Мицкоски.

Во делот на економијата, каде што со право се чувствуваме поискусни, со експертиза од претходни успешни економски политики и третирање на економски кризи, но и со човечкиот капацитет кој го имаме во нашата партија, сакам да и порачам на Владата: доста со политика и инает. Престанете со политика и не правете политика од се и сешто.

„Веќе кажавме дека досегашните мерки на Владата се задоцнети, нецелосни, нефер спрема сите компании и граѓани, во одредена мера збунувачки и нема да го дадат посакуваниот, а и возможен ефект.

Пред неколку денови сам се понудив да појдам во Владата и да ја дадам нашата стручна анализа и нашите предлози. И ќе ви кажам зошто ова го понудив затоа што гледам дека и треба помош на власта и гледам дека не само што има недостаток на искрена волја, туку тие и не ги разбираат работите што треба да ги преземат за да ја спасат економијата“, рече Мицкосвки и додаде:

„Навистина жалам што никој не најде доволно одговорност кај себе за да ја потисне непотребната политичка ароганција и да сослуша што ние предлагаме. А, знаеме повеќе, имаме повеќе луѓе од оваа област и имаме далеку поуспешно искуство од сите други. И ова не е време на суети“.

То и стакнува дека пред неколку дена најавиле дека ќе поднесат уредба со законска сила со која ќе и овозможи на компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно најмногу до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. И ваквите предлози се она што можеме да го направиме во овој момент од позиција на опозиција во државата, вели Мицкоски и да се понудиме искрено да ја подадеме нашата рака.

„Но, воедно чувствувам и должност да соопштам дека иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата. Со тоа владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа директно за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра“, обасни Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикува на трезвеност и да се прифати оваа мерка која сама по себе нема да биде доволна, но во значителна мерка ќе помогне. Во тој контекст смета дека е исклучително важно во овој момент да се преземат неколку работи. И тоа:

„Првата која што ја говориме и ја повторуваме веќе извесен период, а тоа е средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. И на тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите. И да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. А, потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос која што е еднаква на каматата на загубените парични средства. Тоа е она кое што го предлагаме веќе подолго време и тоа е она кое што како ВМРО-ДПМНЕ го презентираме пред македонската јавност. Тоа веќе го направија неколку држави, а во периодот кој што следува ќе го направат и другите држави, и тоа е начин како да се справиме со оваа криза. Тоа е една од алатките на справување со оваа економска криза.

Втората е многу значајна реформа, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, под итно дел од нив ако не и сите да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. И на тој начин да овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство. Тоа е вториот предлог кој што веќе подолго време го предлагаме. Потоа нека продолжи државата преку министерството за финансии да бара надвор од можностите на нашата држава пари за да ги амортизира штетите од пандемијата во економијата. Нека бара и во Светска банка, ќе бараме и во ММФ и кај други комерцијални банки и заемодаватели. Но сега и веднаш, Ве замолувам сега и веднаш да дадеме инјекција за македонското стопанство. Да спасиме што е можно повеќе работни места но вистински да спасиме, не декларативно онака како што политички вие го велите. Верувајте не само што нема да успеете да спасите туку ќе се бројат илјадниците луѓе кои што ќе останат без работа. Не го оставајте македонското стопанство два месеци на милост и немилост,а потоа да зборува оној кој што ќе преживее.

Трето интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции. Против економска криза се бориме со многу работа. Со двојно повеќе работа од тоа што сме го правеле пред кризата. Со многу повеќе реализирани капитални инвестиции, двојно повеќе реализирани капитални инвестиции од тоа што било пред кризата.

И за денешниот прес четвртата работа која што ви ја предлагам е веднаш да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа“.

Тоа го прави вистинска влада и тоа го прават вистински луѓе кои што знаат да работат под притисок во овака тешки моменти, смета Мицкоски, порачувајќи да ги остават ги суетите. Да ја надминат таа примитивност. Ги замоли да послушаат ова што го говори опозицијата, затоа што тоа е она што му треба на стопанството за да опстане во овие тешки моменти.

„Во втората половина на месец јуни можеби се ќе биде поинаку. Во втората половина на месец јуни стопанството ќе има шанса тоа што останало во кондиција да го надомести пропуштеното во овие неколку месеци. Затоа ве замолувам за брза, одлучна и робусна акција, да му се помогне на реалниот сектор за месеците март, април и мај. И на тој начин да спасиме што е можно повеќе луѓе“, нагласи Мицкоски.

Не смееме да дозволиме, повторувам не смееме да дозволиме богатите од оваа криза да станат побогати, а сиромашните уште посиромашни, истакна Мицкоски, апелирајќи да се преземат овие чекори. Нека го баталат политиканството, бидејќи се работи за човечки судбини, нека ги надминат сопствените суети, никој не им ги спори. Ова нека бидат нивни предлози.

„Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба. Не смееме да влеземе во кругот на панични детски реакции на некој случајно и по грешка најдени на функција министри и нивниот шеф Зорам Заев. Со тоа тие покажаа дека не знаат како да се справат.

Но ако оваа состојба не тангира сите и сите мораме да се вложиме да ја надминеме, тогаш ние го правиме нашиот дел“, констатира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.