Мицкоски: Понудив вонреден конгрес за претседател, но едногласно беше одбиено

201

Вечерва на состанокот членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбиле предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски за свикување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал. Генералниот секретар на пaртијата Игор Јанушев се повлече од функцијата.

Мицкоски вечерва пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија. Тој предложил вонреден конгрес и отворен разговор за лошите изборни резултати.

По завршување на седницата изјава даде Христијан Мицкоски.

„На седницата на ЦК се дискутираше и за тоа дека денеска Зоран Заев не може да реши ниту еден проблем затоа што тој е изворот на сите проблеми во државата. Реалноста покажува дека самата Влада е на стаклени нозе. Од денеска коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е најбројната пратеничка група во Собранието. Отворено се дискутираше за моето управување со партијата, како ја затекнав и што сѐ е направено. Јас не бегам од моите принципи. Иако до денес немаме официјална иницијатива за вонреден конгрес, јас тоа го предложив и реков дека на тој конгрес нема да се кандидирам. Се повлеков по што членовите на ЦК ме информираа дека не се согласуваат со мојот предлог. Ова ми дава полн легитимитет за водење на партијата. Предложив нов состав на ИК – потпретседатели Александар Николовски и Владо Мисајловски, членови Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков, Антонио Милошевски, Вело Марковски, Дафина Стојановска, Олга Стојановска… Поради лични причини се повлече Игор Јанушев. Тој продолжува да придонесува и помага во партијата. Наскоро ќе избереме нов генерален секретар, претседателка на Унијата на жени и на ветераните. ВМРО-ДПМНЕ има едена единствена цел – победа над мафијата, неправдите и злотото над Зоран Заев. Ова е мафија која уценува, поткупува, тепа… Ова нема да биде лесна задача. Македонските граѓани имаат очекувања само од ВМРО–ДПМНЕ. И затоа секогаш ќе бидеме предмет на напад. Нашата задача е да се одбраниме од политичките хиени. Опозицијата во оваа држава е посилна од власта и власта треба да се плаши од правдата“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.