Мицкоски: Пописот станува политичка трговија, преку која Заев плаќа цехови

Најпрво да биде јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и ВМРО-ДПМНЕ не е проти вистинска реална статистичка операција која практично ќе ја детерминира како ќе се развива Република Македонија во следните отприлика 10тина години, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Топ тема.

Според Мицкоски не е можно да се носат закони во кои нема да учествува опозицијата, алудирајќи дека законот за попис воопшто не наликува на она што реално треба да се биде туку претставува една политичка трговија преку која Заев ќе мора да си ги исплати долговите. Ова што сега на брз трака се става во рамките на собранието без учество на опозицијата, без учество на главната политичка партија на политичката сцена во Република Македонија што се покажа и на последните претседателски избори навистина е спротивно на сето она што денеска го слушаме како стихозбирка од неколку строфи од страна ан владините јуришници, без разлика дали станува збор на ДУИ и СДСМ, Европа или европски вредности.

Ова ни најмалку не наликува на тоа, туку напротив ова наликува на повторно на една политичка трговија, налик на оние трговии на зелените пазари што се среќаваат во Република Македонија и претпоставувам дека продолжува Зоран Заев да ги отплаќа долговите практично на она што него го опозиционираше таму каде што е веќе еве трета година по ред во Република Македонија, додаде Мицкоски.