18 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Мицкоски: Постојат основани сомневања дека Владата прави криминал со транспортот на луѓе

160

Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додава:

„Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кој располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.