1.1 C
Skopje
недела, декември 15, 2019

Мицкоски: Повисоките даноци значи дека граѓаните ќе ја плаќаат неспособноста на Владата

488

Мерката за покачување на даноци која ја најавува министерот за финансии значи дека владата планира да удри по џебот на граѓаните. Повисоки даноци е цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Причините за ваквата одлука се едноставни, неспособната Влада на СДСМ и Заев не може да продуцираат вредност и економија која расте, веќе предупредив дека капиталните инвестиции се минимални и се движат само 4 отсто од планираното за првите два месеци, а економијата замира, со тоа се зголемува и дупката во буџетот. Задолжувањата кои ги направија и со кои за само два ипол месеци го задолжија секое семејство за цели 1.200 евра, покачената акциза на нафта не се доволни и сега се удира по граѓаните. Покачените даноци ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата, наместо да се стимулира плаќањето на даноци ќе се стимулира црната економија, средната класа која треба да го плати цехот што владата не умее и не знае како во економијата. Тоа ќе влијае демотивирачки за бизнисот, а е уште една причина многу луѓе да ја напуштат земјата. Оваа влада ветува општество за сите, но во реалноста го подвојува, ветуваа живот, носат сиромаштија, рече Мицкоски во своето видео-обраќање до јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на даноци, порача Мицкоски.

Граѓаните не смеат да бидат заложник и жртва на неспособната влада. Нејзина должност е да креира услови за раст и развој. Владата треба да се откаже од оваа мерка која е за осиромашување на граѓаните. Тие заслужуваат подобро. Македонија заслужува подобро, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.