Мицкоски позитивен на коронавирус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на Ковид-19.

-По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина, објави Мицкоски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.