Мицкоски: Прашање е дали Македонија ќе добие датум за преговори до крајот на годината

29

Во своето гостување во телевизија Алсат М, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го стави под знак прашање добивањето на датум за преговори со Европската Унија оваа година во октомври. Имено тој истакна дека иако се наоѓаме пред важен период, многу мала е веројатноста Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, а состојбата станува неиздржлива за граѓаните, па така според Мицкоски решение на оваа состојба е организирање на предвремени парламентарни избори.

-Сега ние се наоѓаме пред исклучително важен период за државата, што сега морам да признаам сум исклучително се помалку оптимист добивање датум за отпочнување на преговори во октомври месец, вели Мицкоски

Мицкоски истакна дека ситуацијата од ден на ден се менува и станува неиздржлива. Луѓето стануваат се повеќе револтирани, луѓето ќе почнат да се самоорганизираат, затоа што ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на функционирање на една нормална држава.

Јас го разбирам тој револт и затоа велам, се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори. Но овој активизам кој што е преку изјави, на прес конференции, на колумни, на апели, не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и на интелектуалци од граѓани во државата, треба да биде само дополнителен мотив за претседателот на Владата за делот од неговите коалициони партнери да се повлечат да размислат и да го слушнат гласот на народот. Да седнеме, да се договориме, да формираме техничка Влада 100 дена и да организираме предвремени парламентарни избори. Ситуацијата нема да остане уште долго вака, ќе се испушти, уште една шанса за Република Македонија, испуштената шанса носи дополнително разочарување кај граѓаните на Република Македонија. И дополнителното разочарување има пак други поинакви последици, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.