Мицкоски праша до каде е случајот со новинарот Младенов?

ДСМ можеше да донесе правда, а од правда донесе само „луј витон“ куферчиња, и „трас-трас“ судски одлуки…Можеа да донесат мир, а донесоа немир во душите на оние родители кои ги изгубија своите чеда на Смилковско, а денес, сторителите слободно се шетаат, порача лидерот на Христијан Мицкоски вечерва во Кочани.

Во својот говор тој се осврна и на други случаи, меѓу кои „Диво Насеље“ и смртта на новинарот Никола Младенов.

„Немир, на дечињата, на оние јунаци кои животот го положија бранејќи ја државата во „Диво Насеље“. Немир во душите на родителите на Нешковски, на Мартин Јанушев, на Кољо. До каде е случајот со новинарот Младенов? Каде е нивниот мир? Нивниот мир се претвори во немир. А немирот се претвори во револт, а револтот во пркос, одлучност и храброст. А со таа храброст, суот овој револт и пркос ќе го видите и ќе се соочите на 15 јули кога ќе ги броиме ливчињата. Ќе ги почувствувате волјата и немирот на народот за сега лага којашто ја изговоривте“, рече Мицкоски.

Мицкоски обвини за партизација на правосудството и рече дека „функционерите од власта се амнестираат од одговорност додека патриотите се во затвор“.

„Се сеќавате на оној случај „евро за батето“? Е таму имаше ослободителна пресуда, таму тоа што го гледавте, не го видовте, тоа што го слушнавте не го слушнавте. Така кажа „трас-трас“ судството. Ама затоа, патриотите по 15, по 17 години денеска се затворени во зандани. Па тоа никогаш, никаде не се случило. Ете таква правда ни донесоа овие луѓе“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.