9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски: Правда ќе има кога коалицијата Зоран, Вице и Сашо ќе завршат во затвор!

Велат дека правдата е обезбедена. Јас ќе ви кажам, конечна правда ќе има кога коалицијата Зоран, Вице и Сашо ќе завршат таму каде што им е место. Во затвор, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-На сите им е јасно. Се договорија, направија циркус од државата со шамар за полицијата, судот, народот… За само десетина часа го упропастија системот и по којзнае кој пат поплукаа на правдата, истакнува тој.