Начинот на кој беше пречекан денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес на средбата со премиерот на Унгарија, Виктор Обран, односно со сите државни почетси, за многумина е изненадувачка.
Сепак, тоа е израз на искреното пријателство на Орбан спрема Македонија, како и кон сестринскатапартија ВМРО-ДПМНЕ.
Да истанеме дека средбата со премиерот Орбан беше на државно ниво и со официјален пречек во неговата официјална резиденција во замокот „Кармелита”, кадешто инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со премиери, претседатели и други високи гости.
На средбата, на која присуствувашеи потпретседателот на партијата Александар Николовски, се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кои таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија, како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.
Мицкоски посочил дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.