Мицкоски предложи одржување вонреден конгрес, ЦК едногласно одби

На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски предложи одржување на вонреден конгрес на партијата, за што присутните членови едногласно одбија, дознава Нетпрес.

Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган помеѓу два конгреса.

Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ започна во 19 часот.