-1 C
Skopje
сабота, јануари 16, 2021

Мицкоски предупредува: Заев подготвува национален пораз, мора да му се спротиставиме

63

И денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме сѐ. И за оваа битка, драги пријатели, потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави.

Ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна. И ова морам да ви го кажам гласно и јасно за да бидеме на чисто. Ако сега не излеземе и дадеме отпор, подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме, а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега, за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма.

Ако сега оваа алка од синџирот не издржи, ние ќе го прекиниме континуитетот во нашето постоење. Ако се откажеме од Партизаните, ќе се откажеме и од Илинденците, ако се откажеме од нив, се откажуваме од столетната борба за слобода. Ако тогаш тоа го направиме во што ни преостанува да веруваме? Вештачките нации и дрвата без корен се осудени на пропаст.

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа, да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја.

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.