Мицкоски: Предвремени парламентрни избори на почетокот од април или крајот од мај

Предвремените парламентарни избори во ВМРО-ДПМНЕ ги очекуваат час поскоро и понудивме два датума, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан, рече во неделата на прес-конференција, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, откакпо премиерот Зоран Заев претходно седмицава рече дека тие може да се одржат најрано во октомври следната година, неполни два месеца пред редовниот рок.

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на економските состојби во земјата, опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува „чувство на одмазда и атак„ кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски рече дека, сепак, е оптимист и оти а очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

„Сакам да бидам оптимист и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна. Н0 тие преговори, посебно од изготвување на тој закон, изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците“, рече Мицкоски.

Додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик, но одби да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за промената на изборниот модел.

На друго новинарско прашање, Мицкоски го осуди последниот коментар на советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој напиша на фејсбук дека некои портали шират дезинформации и монтажи.

„Ова е враќање во 1949-та година, во еден друг политички систем кој е дел од минатиот век. Тоа е карактерна особина на овие политичари, кои се заменици на политичарите од тој политички систем од средината на минатиот век. Обидот за цензура е недозволив, да се слуша само онаа вистина која Заев сака да ја слуша, тоа е пралален свет кој е различен на оној реалниот кој го живеат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави сите демократски алатки на располагање да се спротивставиме на овој сталинистички обид на Владата на Заев да се замолчат критичките медиуми на сметка на пологети кои се скапо платени од парите на државниот Буџет“, заклучи Мицкоски.