Мицкоски: Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде достоинствено чествување на жртвите кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Прилеп, положувајќи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, одговарајќи на новинарско прашање дали како партија која претендира да дојде на власт ќе се погрижи споменикот за загинатите во Спомен собата да биде на едно повисоко ниво, а не како до сега, рече дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе биде токму тоа на достоинствен начин да се чествува жртвата на луѓето кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме.

-Апсолутно, затоа и го спомнам лицемерието на претставниците на локалната самоуправа и на власта. Апсолутно еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе биде токму тоа на достоинствен начин да ја чествуваме жртвата на нашите предци, на луѓето кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме, дециден е Мицкоски.