11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски присуствуваше на отчетот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров

Со задоволство присуствував на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Задоволен од досега сработеното, со уште посилно темпо за промените што носат иднина!

Уште во првата година се успеа:

➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2;

➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;

➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;

➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;

➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;

➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;

➡️ Ново комунално возило за зимско одржување;

➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ “Страшо Пинџур”;

➡️ Започна изградбата на мега паркот “Даме Груев”, на површина од 31000 м2 – прв мега парк во Скопје, пишува Мицкоски во својата објава.