Топлификацијата на Битола, Могила, Новаци е проект кој што започна уште во 2014 година. Конечно се објави првиот тендер во 2017-та година, тогаш јас управував со ЕЛЕМ, и тоа беше исклучително значаен проект за регионот, бидејќи тој може да обезбеди затоплување не само на домаќинствата на граѓаните, туку и на пластеници во земјоделството – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарското прашање каков е неговиот коментар за отпочнувањето на проектот за топлификација на општините Битола, Могила и Новаци од РЕК Битола.
Тој изрази жалење што од 2017-та па се до денес 2021-ва нема никакво поместување во реализација на проектот освен сликањето со ископаната дупка од надлежниот министер и директорот на ЕЛЕМ денешно ЕСМ.
-За жал, иако беа обезбедени средства со државна гаранција од KFW банката, избрана австриска компанија како консултант, ако се се уште истите, проектот не беше отпочнат, рече Мицкоски.
-Јас нема да бидам како СДСМ и да ги обвинувам дека почнуваат и водат проекти на ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив ќе ги охрабрам во ова малку време колку што е преостанато таму кај што се да го туркаат овој проект колку што можат побргу – потенцираше Мицкоски.