Мицкоски: Промената на Уставот е направена по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења

21

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека партијата смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, историјата, културата и образованието се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.

За нас, за историјата, но и за иднината е значајно, што одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, и историјата е одлука на 81 пратеник, но НЕ Е одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и самиот начин и постапките до кои се дојде до сето ова преставуваат чин на предавство. Трето, со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз самата македонска држава, македонските граѓани, врз минатите, сегашната и врз идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена. Четврто, денес се покажа дека Македонија со Заев губи, и доколку овие луѓе од СДСМ и на Зоран Заев останат на власт Македонија ќе продолжи да губи, и на ова и на сите други полиња, и во политиката, и во економијата, и во општеството, секаде. Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени, а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт. Токму поради ова, а врз основа на кажаното, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вондредни парламентари избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството на граѓани ќе биде испочитувано, порача Мицкоски.

 

„Народот, вие давате и земате власт. Затоа избори, избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност да каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев, во црнила, понижена и засрамена, или Македонија на народот, горда, напредна, почитувана. Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори, а Македонија ќе победи и зората ќе ја огрее“-порача Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.