Мицкоски: Работиме да има избори, ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник

28

„Ние ќе работиме да има избори! Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото и ќе го повторам и сега, опцијата на ВМРО-ДПМНЕ е условно речено албанските опозициски партии и тука да немате дилема“, одговори на новинарско прашање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ со кого би соработувал од албански партии ако оди на избори.

Мицкоски посочи дека има еден услов кој што важи во Уставот, а тоа е бадинтер. За да се спроведат тие реформи кои што планира да ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ за да може Македонија да оди напред, дел од тие закони зависат од условот бадинтер.

„И затоа се обидов еве на отворена сцена да правиме измени кои што се оние проценти во Уставот, да нема бадинтер, да нема балансер, да луѓето напредуваат согласно своите компетенции и знаења и вештини. И да може да ја водат државата оние кои што народот ги одбрал. Ако народот го одбрал ВМРО-ДПМНЕ со 61, да ја води државата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што тој ќе ја состави. Но, поради тој услов бадинтер ќе мора ние да ја адаптираме таа коалиција. И затоа сум еве убеден дека опозиционите условно кажано албански партии на следните предвремени парламентарни избори ќе го поразат ДУИ. И мислам дека е време ДУИ да помине одреден период во опозиција“, нагласи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.