Мицкоски: Расправата меѓу Филипче и Пендаровски е детска работа и едниот и другиот не направија ништо за заштита на граѓаните

Во вечерашното гостување на ТВ 21 во емисијата „Клик Плус“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека расправата меѓу Филипче и Пендаровски е детска работа и дека и едниот и другиот не направиле ништо за заштита на граѓаните.

-Тоа не е решение, тоа е префрлање и тркалање на топката, не е кај мене на ти ја кај тебе како децата мали што не помогна ти, овој вика јас ти го напраив контактот во декeмври, ти што направи ништо не направи -рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека како опозиција подаваат рака за да се надмине тешката ситуација а власта си ја префрла вината еден спрема друг.

-Како опозиција седиме и ја анализираме ситуацијата и велиме вака не оди можеби ќе имаме напад по некој но убеден сум и убедени сме дека направивме добро дело што барем на неколку дена на една недела на две ќе ја спуштaме тензијата во општеството да нема политиканство, сме одговорни и излегуваме со подадена рака дајте луѓе да видиме во овие тешки времиња бидејќи надвор сме во војна да се обединиме без разлика тука не бира овој непријател етничка припадност верска или политичка или боја на кожа овој непријател сите ги зема со себе. Нема тука ваков таков и сега ние велиме еве подаваме рака овие од власта истите си ја префрлаат топката не сум јас виновен ти си виновен, на ти ја дај ми ја – нагласи Мицкоски.