Мицкоски: Распродавањето на идентитетот не може да биде изговор за неработата

Работеа на тргување со идентитетот неколкумина луѓе, што правеа целиот овој останат дел од Владата, ова вечерва во „Отвореното студио“ на Алфа го праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тие го преспаа овој цел период? Што работел на пример министерот за транспорт и врски? Освен што го потпиша оној анекс договор со дополнителни стотици милиони евра за автопатот Кичево- Охрид? Што правеле министерот за економија, за труд и социјална политика? Вице премиерот за економија, сите оние директори, еве нека ни кажат што правеле? Овие две години значи ги преспале, потенцира Мицкоски.

Силјановска одамна била дел од Европа, а Пендаровски самиот си признава дека е ист како Заев, потсети Мицкоски

„Кога велат гласате за Стево Пендаровски и не гласајте за Гордана Силјановска, наводно они оделе напред ние сме оделе назад и сега како ќе одиме напред кога овој кој што вели 102,5 отсто е ист како Зоран Заев. По примерот живи луѓе ќе јадеме, по кој принцип ќе одиме напред, по принципот евро за вице, таков напред јас одбивам. И не само јас, гледам дека тоа се случува и масовно во Република Македонија луѓето немаат доверба во овие луѓе“, рече Мицкоски.

Елементарното демократско право се одзема на граѓаните со избор на претседател со Собрание. Од Македонија сакаат да направат апсолутистичка држава или монархија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

„Според тоа што го спомнуваат избор на претседател во Собрание, не даваат суверенитет граѓаниите, а токму се тие кои даваат суверенитет на политичарите. Тука монархот, во случајот Зоран Заев е тој кој со малата група на послушници во парламентот ќе си прогласи промени на Уставот, па ќе си бираат претседател“, рече Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема никогаш да се согласи.

„Нема да се согласиме со апсолутистичко и морахистичко однесување, немаме намера да влеземе во дебата на таа тема. Се знае волјата на народот е приоритет, а народот ја кажува војата на избори“, рече Мицкоски.