Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања, така ќе покажеме единство и ќе ги зајакнеме државните позиции

28

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања  барање на изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред денешниот настан „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Карпош, во врска со резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а која треба да се најде во Собрание на дневен ред.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

-Колку што имам информација резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори, очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство кое што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава, потенцираше Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.