Мицкоски: Самите ќе мора да се избориме за правда и правдини, за човечко достоинство и честитост- овие избори се тој момент

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Свети Николе каде се сретна со граѓаните од ова населено место.

Денеска бев во Свети Николе. Често луѓето прашуваат зошто овие неправди се случуваат, како да се спротивставиме? Одговорот е со отпор, со неоткажување, со борба до победа, за вистинска правда. Победуваат храбрите и мотивираните, ние имаме мотив, а храброста на луѓето кои си ја сакаат татковината е поголема од самоволието на власта, нашата цел е сонот за Македонија. За години од сега ќе можеме да кажеме дека кога било потребно сме застанале цврсто, сме се спротивставиле и сме победиле. Заеднички, цврсто, одлучно. Овие избори се тој момент. Самите ќе мора да се избориме за правда и правдини, за човечко достоинство и честитост, стои во неговиот Фејсбук статус.

Денеска бев во Свети Николе. Често луѓето прашуваат зошто овие неправди се случуваат, како да се спротивставиме?…

Публикувахте от Hristijan Mickoski в Събота, 16 март 2019 г.