Мицкоски: СДСМ измами дека ќе најде решение за ОХИС (ВИДЕО)

Работниците на Охис се без работа и покрај ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката. Поминаа 3 години, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во 2017-та лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира. Истото ветување го даде и следната 2018-та година, но залудно, бидејќи Охис тапка во место. Оваа година Вицепремиерот Анѓушев, неподносливо арогантно и по принципот “сит на гладен не верува” им порача на работниците дека не бил султан за да дели пари, додека работниците на Охис си го бараа ветеното. Погледнете го ова видео, кое е надвор од провладината магла за убав живот, кој во реалноста е пекол и уништување.  Додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиромаштија. Работниците од компаниите загубари се чуствуваат измамени од премиерот Заев и Владата, посочува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.