Мицкоски: СДСМ се исплашени, зашто знаат дека губат

Во владејачката СДСМ се исплашени зашто знаат дека катастрофално ќе загубат на предвременте парламентарни избори на 12-ти април 2020-та, па сега се обидуваат на мала врата да протуркаат некакво одложување со изговор за ратификацијата на ротоколот за НАТО, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, одговарајќи на новинарско прашање по најавата од вицепремиерката Радмила Шекеринска за можно поместување на изборите поради ратификувањето

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12-ти април, во зависност од тоа кога Шпанија ќе може да го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО. Во интервју за „360 Степени“, Шекеринска рече дека таа опција засега не се дебатира, но дека не е целосно исклучена.

Во контекст на тоа Мицскоски на прес-конференцијата од новинарите беше запрашан за коментар во последно време повторно изнесување на маса тезата за можно одложување поради случувањето во Шпанија. Дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило одложување на парламентарните избори и дали гласањето на во Шпанија може да значи одложување на избори?

Исплашени се, се плашат, знаат дека губат. И знаат дека губат катастрофално и тоа ќе се случи на 12-ти април 2020. Па сега се обидуваат шверцерски на мала врата да протуркаат некакво одложување со изговор еве ратификувањето, идното, можното не ратификување во рамките на Шпанскиот парламент и би било некаква пречка. И во име на тоа ќе предложам до пратениците во текот на следната недела да до Собранието достават иницијатива за ратификување на протоколот со одложено дејство, по принципот на тоа што го направи една друга членка на НАТО алијансата, а тоа е Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД. Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ. Следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот ќе имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото. Односно го ратификуваше протоколот пред и официјално Американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат процедурата.