Мицкоски: СДСМ за гасификацијата загуби две години и направи непоправлива штета

Власта на СДСМ нема успеси во ниту едно поле и владее со измами и злоупотреби, а за гасификацијата загубија две години и направија непоправлива штета поради нивната неспособност, рече во петокот вечерта мчелникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го посети општинскиот комитет на опозициската партија во скопската општина Кисела Вода.

Мицкоски на средбата со граѓани, членови и симпатизери на партијата, им заблагодари на граѓаните на Општина Кисела Вода кои во огромно мнозинство излегоа ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешните претседателски избори и ја казнија власта за целата неспособност и криминал кој го спроведува.

Владата нема успеси буквално во ниту едно поле. Го слушам премиерот и вицепремиерот се фалат со гасификацијата која во реалноста целосно ја заглавија. Готов проект кој требаше да продолжат да го реализираат, а го успорија, го заглавија, гасификацијата на домаќинствата уште долго ќе се чека, потенцираше Мицкоски.

Истакна дека власта лаже за гасификацијата исто како што излажа и во 2002 кога ветија по еден вработен од секое семејство.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја напушти владата им остави готов проект за изградба на секундарната и терцијарната гасификација и имаше тендер за изградба, кој СДСМ го поништи со образложение дека нечинел, за дури по две години велат ќе се формира комисија за распишување на тендер за изградба на секундарна и терцијарна гасификација или со други зборови не вратија во почетна фаза. Истото тоа што беше во завршна фаза пред две години сега е во почетна фаза. Не само што сме изгубиле две години, туку прашање е дали сега во овие околности ние навистина ние ќе најдеме некакво инвеститор кој што е подготвен да инвестира во еден вака сложен проект кој што ќе го менаџира ваква неспособна посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека „дури и да се случи чудо“ и актуелната власт да „почне да работи како што досега не работеле“, дури ни за четири години нема да може да постои домаќинство кое ќе има можност да го користи гасот како енергенс.

Од овој момент под услов денеска се смени се во капацитет на владата и да одлучат само на тоа да се посветат во следните четири години нема да пости домаќинство кое што ќе има можност да го користи гасот, односно гасот да го користи како енергенс. Загубено време и непоправлива штета поради нивната неспособност, заклучи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.