Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија 24, посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне повеќе од 18.000 денари.

„Минималната плата оваа која што е сега дефинираната тоа е 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност“, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.