Мицкоски: Се обврзуваме на раст во економијата над 4 отсто и ќе го намалиме ДДВ-то во хотелиерството и угостителството од 18 на 10 отсто

165

ВМРО-ДПМНЕ се обврзума на раста на економијата над 4 отсто, истакна денеска лидерот на партијата на денечниот дуел со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој е втор по ред од почетокот на изборнатаа кампања за предвремените парламентарни избори и кој се одржа на Македонската Радио Телевизија.

Тој на дуелот поссочи дека тие имаат јасен план и методологија која што наидува на поддршка од сите засегнати страни, синдикатите, стопанските комори и граѓаните, со кој ќе го постигнат планираниот раст во нивната предизборна програма.

Ние имаме јасен план, јасна методологија и јасен концепт кој што наидува на поддршка од стопанските комори и од синдикатите, но и од граѓаните. И ние кога зборуваме за раст од минимум 4 отсто истовремено ја објаснуваме и методологијата како до тој раст од 4 отсто, рече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека 4 отсто Бруто Домашен Производ е растот со кој што државата напредува во економска смисла на зборот, за жал, додаде тој, денеска ние не само што не напредуваме, туку и назадуваме, бидејќи инфлацијата го има изедено оној симболичен раст кој што го споменуваат од СДСМ

Мицкоски потсети дека за изборите кои што се планираа да бидат во април месец, тогаш Заев од седиштето на СДСМ, најавуваше просечна плата од 36 илјади денари нешто што за после изборите од 15 јули, какопредизборно ветување го има просечна плата од 24 илјади денари.

Инаку ќе ве потсетам, доколку изборите се одрржеа во април месец, на оние прес конференции на кои што Зоран Заев ги држеше во седиштето на Бихаќка, како претседател на СДСМ, најави просечна плата од 36 илјади денари, сега на намали на 34 000 денари. Тоа значи дека таа плата која што успеа изминатите три години, со сиот интервентенизам, со сиот притисок да ја покачи симболично за нацели три илјади денари а треба да ја покачи за четири години некаде околу девет илјади денари. Тоа е сериозен предизвик и ја с навистина не би можел да се сложам бидејќи не можам да најдам јасна меетодологија во нивната програма, како до таа просечна плата која што ја ветуваат, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на дуелот со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на МТВ изјави дека во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како конечно некоја власт работи за сопствената држава.

Мицкоски истакна дека исто така во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како се стигнува до рамен данок од 8% и е убеден дека овие бројки се реални и убеден сум дека може тоа да го постигнат.

Не само тоа , туку и ДДВ за оние кои се најпогодени од Ковид-19 вирусот во хотелиерството и угостителството ќе го намалиме од 18  на 10 отсто заклучно со 2021 година, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема да остане на само ова туку тоа е само дел од сетот економски мерки, кои се иновативни нови решенија.

Она кое што СДСМ го нудеше на избори, е  во 2016 година беше дека ќе имаат просечен раст од 5 отсто, а сега гледам дека го намалија на 4 отсто, иако ако гледаме од оној квартал кога ја презедоа владата па се до денеска таа не е поголема бројка од 2 отсто, а се уште не се калкулирани ефектите од вториот квартал годинава кои ќе бидат катастрофални.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија, јасен концепт кој наидува на одобрување на стопанските комори, на синдикатите и граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.