Мицкоски се прости од Додовски: Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон татковината

Со искрено жалење ја примив тажната вест за смртта на Марјан Додовски кој беше член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер, пратеник и општествен чинител во Република Македонија.

Во македонската политичка и општествена меморија ќе остане запаметена неговата посветена работа. Јавноста ќе го запамети како човекот кој го спаси Дојранското Езеро од еколошката катастрофа, но и по низа на други проекти кои ги остави зад себе. Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон Македонија и активен чинител во политичкиот живот во нашата земја во поновата историја.

Нека почива во мир.

Вечна му слава, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.