Мицкоски се сретна со Арне Санес Бјронштад, Специјален претставник за Западен Балкан на МНР на Норвешка

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со советникот за надворешна политика на претседателот Стефан  Андоновски, остварил средба со Арне Санес Бјорнштад, Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка.

„На средбата дискутираа за тешката состојба во Република  Македонија, а особено во врска со проблемите со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на партијата ја повторил поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава секојдневно за добивање датум за преговори со Европската унија и желбата час поскоро да се отпочнат процесите на преговори.