Мицкоски се сретна со евроамбасадорот Гир и го информираше за високиот степен на корупција и криминал во државата и за злоупотребите на власта

Денес (21.07.2021) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир.

На средбата двајцата соговорници разговараа  на повеќе актуелни политички теми.

Претседателот Мицкоски на својот соговорник му ја презентираше концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите луѓе“, како и промоциите на нови политики кои како понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави пред граѓаните на следните избори.

Мицкоски го информираше евроамбасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот Предлог закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци.

Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновата на принципиелна основа.