Мицкоски се сретна со Сарацин: За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одржа средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.

-Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, истакна Мицкоски.