Македонија

Мицкоски: Седумте пратеници кои гласаа за уставните измени кога беа европјани- тогаш кога гласаа против договорот или сега кога го сменија мислењето?

Мицкоски: Седумте пратеници кои гласаа за уставните измени кога беа европјани- тогаш кога гласаа против договорот или сега кога го сменија мислењето?

Имаме една пратеничка која што гласаше за отпочнување на Уставните измени, но така жестоко ги напаѓаше на Комисиската расправа што просто не можам да поверувам дека таа е истата личност. Потоа истата таа пратеничка гласаше против, не само она, туку сите од пратеничката група на Коалицијата за подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, гласаа против дневниот ред на кој што точка беше отпочнување на уставните измени, за да видиме неколку дена потоа како таа пратеничка жестоко ги брани овие уставни измени. Кога била европска- кога жестоко го напаѓала Преспанскиот договор, кога гласала против отпочнување на дневниот ред или сега кога оди по светов и зборува невистини и се обидува да игра игра- пронајди го виновникот.

Ова во интервју за ТВ Алфа, го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Потоа имаме пратеник кој што е потпишан на документ дека нема да гласа за уставните измени, а потоа гледаме дека тој пратеник гласа и тоа се случило за неколку дена, не се случило месец или години претходно. Кога бил тој проевропски- кога се потпишал дека нема да гласа или откога се потпишал дека ќе гласа? Тука не станува збор дали сме ние антизападни или прозападни или слично, станува збор за тоа дали се под пристисок или не се под притисок, самото тоа вас ви кажува, рече Мицкоски и додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ има докази, но на кое судство да ги даде, на Кацарска судството да ги дадеме? На Русковска обвинителството да ги дадеме? И да очекуваме дека ќе имаме правда и правдина, дека ќе имаме правилна разрешница? Тоа не може да се случи. Но, верувајте ќе дојде денот кога сите докази ќе бидат презентирани на македонската јавност, што всушност се случуваше на тој црн петок, кој што ние го нарекуваме“.