Мицкоски: Секому кој тргнал против народот, народ и ќе му се случи

Македонија е името кое го менуваат оние внатре во Собранието, оние коишто одат спротивно од волјата на народот јасно изразена на референдумот 30-ти септември, а не знаат дека име со копче не се брише име со партија не се менува, рече на протестот пред Собранието во четвртокот, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Tоа е она што сме, она што сме биле и она што ќе останеме. нека не забораваат, секој кој тргнал против народот свој, народ ќе му се случи.могумина од вас се чувствуваат луто, понижено и измамено. срцето се кине кога се витка кичмата, кичмата на татковината. Но тоа им е целта. затоа главите горе. достоинството никогаш не може да биде земено од тие кои немаат ни трошка достоинство“, рече Мицкоски.

Додаде дека насобраните пред Собранието имаат иста цел, а тоа е Македонија и порача дека само обединети може да победат и ги повика сите и христијани и муслимани да се обединат. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ова е почеток на крајот на владеењето на Заев.

„Ќе остане запишано дека оваа неправда на народот, ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини. тоа го правеа само да се доведат до власта, измамнички и за да го направат тоа што го прават денеска. на власт се доаѓа со труд и посветеност. единствен билет за останување на власт е оваа промена на името и иденитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта. Се колнеше заев во најмилото дека уставот нема да го смени. за тоа ли се колнеше? Овие луѓе се измамници и така опстојуваат на власт, без чест и образ-ѓон. сето ова почна преку насилен избор за претседател на собранието и не победија на парламентарните избори. Дадоа гаранции дека нема да го менуваат карактерот на државата. рекоа дека нема да го менуваат уставното име, а луѓе заглавија во затвор, поради тој 27 април“, истакна Мицкоски во своето обраќање.

„Јас сум против промена на името, не затоа што сум против еу, туку затоа што си ја сакам македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш оцени дека Договорот за името што го постигнаа владите на Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, според кој треба да биде променето уставното име на земјата во Република Северна Македонија е е штетен и дека како партија ќе сторат сè што е во нивна моќ тој да не се случи.

„Потребно е масовно обидување, да си подадеме рака меѓусебе, љубовта кон татковината е поголема од сите разлики, сакаат да нè разделат за да полесно им минува предавството, само заедно ќе победиме. Ние со Заев на чело сме сè подалеку од ЕУ. Власта дезинформира дека еден е изборот ако сакаме напредок, а всушност изборот е меѓу кариерата на Заев или победата на Македонија. Ние ја одбираме победата на Македонија“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори што треба да се одржат во годинава, a челникот на партијата на власта и’ вети „жесток пораз“.

„Ќе одиме на избори и жестоко ќе ве поразиме од прв до последен. Македонци да си ја вратиме државата. Оваа темнина ќе заврши, ВМРО-ДПМНЕ е народот, а народот е Македонија“, порача Мицкоски.