Мицкоски: Сепак и во овие црнила има светли моменти- гордо кренато македонското знаме, со срце за Македонија!

Сепак и во овие црнила и тешко секојдневие има светли моменти, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Честитки до младите Филип и Дејан за златниот и сребрениот медал на сениорското Европско клубско првенство во Теквондо како и за нивниот тренер Дарко Костовски. Гордо кренато македонското знаме, со срце за Македонија!

Филип Додевски (-87 кг) освои златен медал, а Дејан Георгиевски (+87 кг) сребрен на Европското клупско првенство за сениори во Солун – Грцијан кое не претставува ТКД Бутел од Скопје.

Додевски во финалето славеше против Драшко Јованов од Србија, а во полуфиналето го победи носителот на бронзениот медал од Светско првенство Трабелси од Тунис, кој се бори за австриски клуб.

Додевски ги победи: Дијамантидис од Грција, Бабаевски – Русија, Антониос – Грција, Трабелси – Австраија и Драшко Јованов Србија.

Дејан Георгиевски категорија (+87 кг) со две победи во пресметката на осумте најдобри тешкаши се закити со сребрениот медал.

„Во финалето во до крај цврста борба со актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија кој се бори за австриски клуб се избори за среброто. Дејан во  првата борба го победи Ѓорѓе Марчетиќ од Србија, а во полуфиналето Омар Ел Јазиди од Франција“, вели тренерот Дарко Костовски од нашиот претсатвник на ЕП ТКД Бутел.

истакнa дека одлични настапи имале и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски, а особено Костадин Георгиевски кој загуби во тесна борба за медал.