Мицкоски: Силјановска Давкова ќе работи за укинување на привилегиите на власта

Македонија е исправена пред голема крстосница и цврсто верувам дека ќе се избере вистинскиот пат. На Македонија и треба претседателка. Дојде тоа време кога ваква цврста жена како професорката Силјаноска ќе ја штити правдата и интересите на дравата.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателка која ќе се стави на страната правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за еколошките прашања. Ќе работи на укинување на привелегиите на власта. Претседателка која ќе биде вашиот глас во политиката. Черчил соочен со предизвикот на својот живот кажал, пред нас стои ништо друго освен многу тешко искушение. Драги пријатели ни престојат многу денови на борба. Прашувате која е нашата политикаа? Велам да се бориме против деспотизмот која е ненадминат во тешкиот и жалосен католог на нечовечки дела и злодела, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирапше дека неговата цел е победа.

Победа на правдата по секоја цена, победа и покрај сите неправи и ужаси. Победа без разлика на тоа колку тежок ќе биде патот пред нас, бидејќи без победа нема опсанок. Денес тргаме кон победата. Ќе победиме силно. Ќе победиме уверливо. Македонија мора да ја кренеме на нозе со гордо крената глава. Да се избориме за нашата заедника среќа и да ја вратиме нашата татковина назад. Нашите срца чукаат за Македонија, порача Мицкоски.