Мицкоски: Сите зборуваме за здравјето на лидерската средба, само Заев за датум

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската криза, како и за можните предвремени парламентарни избори.

Мицкоски потенцираше дека на лидерската средба се разговарало за можноста за организирање на предвремени парламентарни избори во периодот кој претстои, но дека најпрво сите лидери дискутирале за најголемиот приоритет, а тоа е здравјето на граѓаните и здравствената криза во државата. Мицкоски додаде дека најголемиот дел од лидерите се согласиле дека сега не е момент да се лицитира со датуми, бидејќи тоа би било несериозно од страна на политичките партии.

„Сите лидери на политичките партии, освен лидерот на СДСМ Зоран Заев, се согласија дека во моментов најважно е здравјето на граѓаните, а не предвремените парламентарни избори. Додека траеше лидерската средба сите бевме насочени кон изнаоѓање решенија околку пандемијата која ја снајде државата, додека пак Зоран Заев само одземаше и додаваше денови, кога да бидат организирани предвремените парламентарни избори”, вели Мицкоски.

Несериозноста на лидерот на СДСМ Зоран Заев оди до таа мера што после лидерската средба, иако сите негови колеги лидери истакнаа поддршка за здравствените работници во борбата со пандемијата, тој повторно лицитира со бројки и манипулира со граѓаните. Тоа е одраз на неговото непочитување и негрижата за ситуацијата во која што се наоѓа Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој своите лични интереси и интересите на партијата ги става пред главниот приоритет во моментот, а тоа се граѓаните и нивното здравје, заврши Мицкоски.