Мицкоски: Скандалот со неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата

Скандалот со неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање.

„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот“, вели Мицкоски.

Македонија, додава Мицкоски, за жал, пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси.

„Приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата. Министрите во владата се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер“, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми: 1.Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот и дали владата има донесено одлука за тоа? 2. Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа? Ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација. Владата покажува неспособост во секое поле и област и затоа мора да си оди. Доаѓа нова надеж за Македонија, заклучува Мицкоски во своето идео обраќање.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.