Мицкоски: Со „мало сутра“ политиките на Заев стигнавме до дното

Благодарам што дојдовте, сепак е сабота. Благодарам што одвоивте дел од вашето драгоцено време, викенд е. Јас навистина немам зборови со кои што можам да го изразам моето задоволство, изминативе денови поминав илјадници километри, поминавме многу градови, поминавме многу села, разговаравме со илјадници наши сограѓани. Разговаравме за реалната ситуација во Македонија, не онаа „блескаме“ на Заев, туку онаа вистинската, мачната, тешката, сета онаа беспарица, понижување, омаловажување кое што денеска е секојдневие секаде во Македонија, изјави од Радовиш, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Дали сте во Битола, дали сте во Струмица, Радовиш, дали сте во Кочани, дали сте во Ресен, дали сте во Крушево, потоа во Охрид , дали сте во Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, секаде буквално истото го слушам. Траорен амбиент, секаде ги слушам оние сведочења од нашите сограѓани кои што ми велат дека некој нивен близок ја напуштил Македонија , некој нивен сосед се отселил заедно со семејството, некој нивен син, ќерка ја напуштиле Македонија. Тешко се живее затоа што цените одат нагоре, а платата останува иста, беспарица. Луѓето практично се чувствуваат беспомошни поради целиот овој примитивизам, сета она декаденција која што денеска политичарите им ја сервираат, овие од врхушката, од власта, тие кои што треба да бидат пример како треба еден политичар да се однесува, тие кои што треба да даваат насока, стратегија за развој на државата, ние денеска ги гледаме како единственото нешто што им преостанува е она „мало сутра“. Или пак за тепсијата и баклавата. Тоа е политиката кради и бегај. Таа е политиката која денеска ја води СДСМ и Зоран Заев, примитивизам, арамилук, криминал, корупција, понижувања, омаловажувања, декаденција. За жал тоа е нашето секојдневие. Затоа тргнавме низ Македонија да разговараме со нашите сограѓани, бидејќи сакаме следната предизборна програма да ја пишуваат токму нашите сограѓани, токму вие да ја пишувате. А, ние како политичари да бидеме слуги на народот, и да му служиме на народот, да понудиме решение за овие реални проблеми кои што се наше тешко секојдневие. Јас сум потполно свесен дека ние не можеме сѐ да решиме. Но тоа што не можеме да го решиме, ќе го признаеме и ќе кажеме, ние ова не можеме да го решиме поради тие и тие причини.  Или пак можеби нешто ќе понудиме како решение задоцнето, нема да биде сега и веднаш, ќе биде во втората, во третата година од нашиот мандат и тогаш тоа ќе биде дел од нашата програма. Но сакаме честито, и чесно да кажеме, ние нема да ветуваме сѐ, но тоа што ќе го ветиме, тоа и треба да го испорачаме во нашиот четири годишен мандат. Потполно сме свесни и за некои наши грешки од минатото, потполно апсолутно сме свесни и за некои работи кои што можеби на нашите сограѓани им причиниле некое зло и нанеле некаква болка, им нанеле некаква штета. Подготвени сме да ја прифатиме и таа одговорност, подготвени сме да ги научиме грешките од минатото, да извлечеме поука од тие грешки, а потоа да понудиме соодветни решенија за тие грешки. Јас сум свесен дека апсолутно ние нема да можеме да ги убедиме нашите сограѓани секаде во Македонија 100%. Потполно сум свесен дека ќе има и такви кои што ќе се сомневаат во нашата понуда. Ќе се сомневаат во тоа што го говориме. Затоа што многупати досега гледале политичари кои што пред нив ветувале, се обврзувале, се колнеле, а потоа кога доаѓале до фотелја, до привилегии, заборавале на тие ветувања и на тие колнења, истакна Мицкоски.

-Се сеќавам кога Зоран Заев, врхушката од СДСМ за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година патуваа, шетаа низ нашата преубава татковина Македонија и ветуваа во Кочани и кочанско дека ќе ги зголемеле цените за оризовата арпа, за оризот. Па велеа дека ќе имате загарантиран откуп, ќе имате цени по 25-50 денари и за оризовата арпа и за оризот. Само вие гласајте за нас, и сето тоа ќе биде веднаш решено, ич да не се секирате. А, денеска во Кочани и кочанско луѓето велат јас немам намера ниту пак сакам повеќе да ја работам нивата, бидејќи не се исплати. Ова денеска кое што го плаќаат за нашиот труд не стига ни од први до први за да си ги прехраниме семејствата. А, не па за нешто повеќе да вложиме, во механизацијата или пак во семенски материјал и пестициди. Јас, нити пак вие сосила го теравте Зоран Заев да појде во Ресен и да им ветува на Ресенчани сигурен откуп на ресенското јаболко, зголемени субвенции. А, потоа кога дојде до власт гледаме како Ресенчани ги фрлаа плодовите во реките, по нивите, ги сечеа дрвата кои што ги раѓаат тие јаболка. Никој не го тераше Зоран Заев ниту пак во Тиквешијата да појде, нити пак во Кавадарци, во Неготино да ветува дека ќе имало загарантиран откуп за грозјето по повисоки цени, ќе имало субвенции, па дополнителни стимулации. А, денеска заборава на тие ветувања и бега, па често пати кога ќе му го постават тоа прашање вели – Јас сум го кажал тоа?. Не,ти, туку холограм твој. Затоа што толку многу лажеше изминатиот период, дури не знае што излажа во изминативе три години, речиси откако е претседател на Владата на Македонија. Ние не го теравме Зоран Заев да ветува младинска гаранција, ниту пак ја теравме Шекеринска и Оливер Спасовски да ставаат гас маски и да велат гласајте за нас, и веднаш доаѓа чистиот воздух, ич да не се грижите,  Алпски воздух веднаш почнува да дува. А, денеска Скопје и Скопјани и секаде во Македонија смрт дишат. Затоа што позагадена никогаш не била, а онаа катаклизмична ситуација во „Охис“ што денеска се случува ги тера жителите на Кисела Вода, на Аеродром да бегаат, од домовите. Затоа што воздухот е неподнослив. Затоа што смрт вдишуваат нашите деца. Јас не го терав со сила Зоран Заев да се колне во жицата, па изгубен низ времето да го бара семето, да се колне во најмилото и да лаже. А, првото нешто што го направи кога народот, за волјата на вистината не му ја даде довербата бидејќи изгуби на тие предвремени парламентарни избори во 2016-та година, но поради целокупниот инженеринг кој што се случи се најде таму, каде што е и денеска претседател на Владата, потпишуваше и поплука на се што претходно се колнеше и велеше дека нема да го направи. Па се колнеше и во најмилото. Замислете денеска човекот кој што излажа безброј пати, човекот кој што на примитивен начин се обидуваше да се закани на политичките неистомисленици со она „мало сутра“. Човекот кој што даваше бесмислени и примитивни компарации со тепсијата која што стоела и баклавата која што била изедена. Човекот кој што на секој можен начин ја понижи, ја омаловажи сопствената држава ќе излезе овде пред Радовишани и секаде во Македонија и ќе бара повторно легитимитет за следен мандат, потенцираше Мицкоски.

Ја користам оваа прилика само да ја покажам разликата помеѓу понудата што ќе биде на 12-ти април 2020-тата која што ќе биде пред секој граѓани на нашата татковина, пред секој граѓанин во Македонија. Од една страна имате човек кој што досега безброј пати излажал, кој што се колнел во најмилото, ве гледал во очи и лажел. Човек кој што освен арамилукот, криминалот и корупцијата ништо не може да му биде свето и со ништо нема да бидат одбележани овие три години со ниту еден проект. И втората опција е обновата на Македонија, честитост, чесност. Луѓе кои што гарантираат дека ќе бидат слуги на народот. Луѓето кои што извлекоа поука од грешките во минатото затоа што имаат единствен мотив, а тоа е како да си ја обноват сопствената држава, како да ја обноват Македонија од оваа пустелија која што ја направи Зоран Заев, потенцираше Мицкоски.

-Никој од вас, никој од нас со сила не го тераше Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и останатите да ги редат оние чевли пред Владата и да велат дајте го гласот за нас, и ние ќе ви ги вратиме децата. Никој не го тераше градоначалник и поранешен претседател на младината на СДСМ, Стефан Богоев во Собранието да покажува слики од негови иселени другарчиња. Каде се тие деца? Дојде ли некој да си го облече парот чевли? Не само што не дојде, туку денеска имаме неколкукратно повеќе такви чевли што останаа необуени. Чевли кои што останаа фрлени и запоставени во Македонија. И млади луѓе кои што денеска ги полнат рестораните и кафеаните во Западна Европа. Луѓе кои што денеска ќе ги сретнете како талкаат низ улиците по Германија, Италија, Швајцарија, Белгија, Холандија барајќи подобар живот. Затоа што животот кој што овие го ветуваа во Македонија пекол го направија. Е тоа е она кое што ние мораме да го промениме. Имаме план и знаеме како тоа да го промениме. Стојам овде пред вас во Радовиш и ги слушам сведоштвата на луѓето додека проаѓав тука низ пазарот. Велат децата да ни ги вратите. Не можам да ветам дека ќе ги вратиме децата, но можам да ви ветам дека ќе работиме 24 часа, ќе има многу пот, крв и солзи додека тие деца од прв до последен не успееме да ги вратиме назад. Го слушам вчера како вели дека е постигнат историски договор помеѓу министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука. Истиот оној синдикат кој што побара со мене да се види и да разговара, а потоа избега и не дојде на средба. Причината зошто не дојдоа они треба да ја кажат. Еве јас нема да навлегувам во детали. Но сакам да го прокоментирам тоа, велат постигнале историски договор, постигнале зголемување на плати на просветните работници од 10%. Ќе ве потсетам синдикатот во образованието, науката и културата  потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Ова зголемување од 10%  е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат  примањата на вработените. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците  во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор  требаше да бидат минимум 31 250 денари, а да не зборуваме денеска  за овие понижувачки трошки од 10%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето од мај месец  ќе се врати кон колективниот договор  и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата  ќе бидат согласно колективниот договор  и ќе бидат многу поголеми од овие 10% коишто денеска ги ветуваа. Го слушам оној поданик на Заев, министерот за внатрешни работи како се обидува да се пере од политиките на Заев, па денеска ќе го слушнете на Канал 5 како ви вели дека чудно било однесувањето на специјалната јавна обвинителка  во случаевите коишто беа поврзани со корупциски-историски најголемиот криминал наречен „Рекет“. Еве ја користам оваа прилика овде во Радовиш да му порачам нека направи еден разговор со вашата радовишанка којашто беше дел од тоа Специјално Јавно Обвинителство, па таа ќе му каже како се менувале и како се договарале и обвиненијата  и потенцијалните пресуди. Таа ќе му каже како се менувале одлуките од притвор во куќен притвор  за други интереси, затоа што некој друг  поинаку сакал да биде. Таа ќе му каже каква порака Катица Јанева во групата на вибер каде што се наоѓале  сите специјални јавни обвинители на 9 Јануари 2019 испратила  веднаш после најголемиот чин на предавство коишто и се случил на нашата држава, а тоа беа уставните измени, како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок и истите тие луѓе се ослободуваа. Нека ја праша вашата сограѓанка  којашто беше дел од тоа специјално јавно обвинителство, па таа ќе му одговори  за коалицијата помеѓу  специјалното јавно обвинителство органите на прогон којшто тој ги води судството и владата, а потоа ќе си одговори самиот себе каква тоа коалиција преќутна направи Зоран Заев  за да може да го направи тоа што го направи н македонскиот народ, на граѓаните на Македонија и на Македонија. Со кој тоа сопартијци Зоран Заев  се договараше за да се случи  тоа што се случуваше. Доколку тој тоа не го открие и доколку тој тоа не и го соопшти на македонската јавноста, јас ви ветувам дека веднаш после формирањето  на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јавноста ќе дознае кој вршел притисоци, како се вршени тие притисоци, зошто луѓе се затвараа и се притвараа, како се тргуваше за гласови во Собранието. Но, тогаш некој ќе се срами и ќе моли за милост. Затоа не треба да се перат од политиките на  Заев овие негови соработници, не треба да се перат затоа што и вас ви се прљави рацете, затоа што и вие после 12 април 2020, лето господово  ќе шетате низ улица со наведната глави и ќе се срамите вашите сограѓани во очи да ги погледнете поради тоа што и го направивте  на Македонија и на  македонскиот народ, а јас ви ја ветувам вистината доколку вие немате храброст и доблест истата да и ја кажете на Македонија. Почитувани радовишани, браќа и сестри не чека период кога е потребно во секоја улица, во секое маало, во секоја куќа да стигне гласот на победничка Македонија. Гласот дека на 12 април 2020 доаѓа, победува обновата на Македонија. И покрај сите рекетирани  пари  коишто се ги бројат и пребројуваат  и ги дисперзираат насекаде во Македонија сакаат да тргуваат и да поткупуваат за време на предвремените парламентарни избори. И покрај сите оние квинслинзи и слуги  коишто крстарат низ медиумите во Македонија нема да ви помогне ништо. Готово е завршено е, доаѓа Обновата на Македонија, а потоа одговорност од прв до последен јас ви го ветувам тоа. Крадат и пљачкаат од сопствениот народ, направија буџет од 45 милјарди евра. Човек којшто верува во сопствената политика, човек којшто знаел дека работел чесно, човек којшто знае дека работел честито нема зошто да се занимава со  вакви работи како што тоа го прави Зоран Заев. Ќе ги загуби изборите, а потоа ќе му подаде рака на подобриот. Ќе му подаде рака на македонскиот народ и на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која  што ќе биде победничка  на тој  12 Април. Но, ние гледаме денеска уплашен човек, човек облеан во страв, несигурност со хаотичен поглед, со примитивизми во неговиот говор којшто нема да бира средства  за да ја продолжи сопствената политичка кариера, ќе игра „All-in“  не само со националните интереси, ќе игра „All-in“  со сите вас, ќе игра „All-in“   со вашите пари, со вашето достоинство ќе игра „All-in“   само за да опстане затоа што овој исплашен човек  знае дека после 12 април доаѓа одговорноста, а одговорноста е казната на народот кој што ќе му испорача  историски најголем пораз на предвремените парламентарни избори на 12 април. Последниот столб за кој што денес ќе зборувам, а ќе биде дел од нашата предизборна програма и којшто ќе биде дел од слогната доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е македонизмот. Доста беше лутање и талкање од крајности во крајности. Доста ни беа моменти на антиквизација или монети на севернизација. Ние сме горди македонци што говорат македонски јазик и родени во Македонија и  тоа нема бегање и затоа треба да се бориме од прв до последен. Да се вратиме на тоа што сме, тоа што биле нашите родители, тоа што биле нашите дедовци и баби, тоа што биле наши македонци, горди македонци од Македонија. Назад на македонизмот во  Македонија, изјави тој.

И тоа не екслузивно право само  на македонскиот народ  туку и на сите останати коишто се родени во Македонија без разлика дали се Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми или било кој друг. Сите тие се родиле, живеат  благодарение на оваа Македонија  се образувале создале семејства. Тука тагувале заедно со нас, тука се радувале и најверојатно живото ќе гио завршат тука на оваа почва во Македонија. Сите тие имаат право на македонизмот, сите тие треба да си го постават прашањето  не што може Македонија да направи за нив, туку што може ти да направат за Македонија. Првиот чекор е 12 април 2020, да ги поразиме овие арамии  и предавници, а потоа да ги засукаме ракавите и работа, работа и само работа да си ја обновиме државата, подвлече Мицкоски.