Анкета: Мицкоски со најголема доверба од политичарите, а ВМРО-ДПМНЕ доколку утре би имало избори би била апсолутен победник!

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 10.11 до 14.11.2021 година спроведе теренско истражување на територија на цела Република Северна Македонија. Истражувањето е спроведено на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1123 испитаници на територија на цела Република Северна Македонија.

Статистичкта грешка на истражувањето е околу 2%.

Имено испитаниците на прашањето во кој политичар имаат најголема доверба одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски и дека најмногу би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, дури 21,3%, наспроти СДСМ за која би гласале само 15,1% од испитаниците.

На прашањето дали сметате дека Заев треба да си поднесе оставка, дури 61,8% од испитанциите одговориле дека премиерот треба да си поднесе оставка, додека високи 64,3% сметаат дека оваа влада нема да има промени на подобро.