Мицкоски: Со ниту еден договор не може да ми забраните да се пишувам Македонец од Македонија

– Ниту еден договор мене не може да ми забрани да сум Македонец кој говори македонски јазик, јас сум од Македонија. Јас многу пати сум го кажувал тоа дека со ниеден договор никој од нас не е обврзан да ја користи новата придавка“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“.
Претседателот Мицкоски во своето гостување потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова ќе се случи, а имено потсети и дека Заев се колнеше во жицата, го злоупотребуваше најмилото, дека нема да го промени името на Република Македонија.