Мицкоски со одговор на Каракачанов: Есперанто ни е Заевата влада што молчи наместо да ти одговори, а за јазикот прочитај го Блаже Конески!

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му договори на бугарскиот министер за одбрана Карсимир Каракачанов: „Есперанто ни е Заевата влада што молчи наместо да ти одговори, а за јазикот прочитај го Блаже Конески“!

„Силно му препорачувам на министерот од Владата на нашиот источен сосед кој вели: „Македонскиот јазик е балканско есперанто” да го прочита Блаже Конески и од него има што да научи, а на Заевата есперанто влада во Македонија која воопшто не реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина, да собере храброст и да се бори за националните и стратешките интереси“, напиша Мицкоски на Фејсбук.