Мицкоски со пет пати поголем поддршка од граѓаните од Заев на Протестот против неправдите

Иако анкетите кои ги лиферуваат последниот период медиуми блиски до валдејачката СДСМ укажуваат дека наводно најголема доверба кај македонските политичари уживал поранешниот премиер Зоран Заев, протестниот собир во вторникот вечерта во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека граѓаните огромна поддршка му даваат на нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

Имено минатата седмица Заев и СДСМ несфатливо зошто организираше ткн Марш за правда, кој мина со слаба посетеност и наиде на подбив дури и кај истакнати членови на социјалдемократите.

Наспроти тоа, во вторникот вечерта според првичните процени околу 20.000 луѓе се собраа да го слушнат обраќањето на Христијан Мицкоски.