Мицкоски со повик до сите кои ги исполнуваат условите да се пријават за лидер на партијата

Мицкоски не сака да ја коментира најавата на Заев дека во вторник и официјално ќе поднесе оставка. Вели, премиерот често ги менува ставовите и секој коментар во овој момент не би имал некакво значење. За тоа кој ќе го наследи, Мицкоски вели дека е работа за која треба да си одлучи СДСМ.

Во пресрет на најавениот Конгрес на опозицијата кој е закажан за 12 декември во Скопје, Мицкоски упати апел до сите заинтересирани кандидати да се пријават на повикот и да му се спротивстават во трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски денеска беше во Охрид каде заедно со новиот градоначалник Пецаков присуствуваше на стартот на градежните активности за реконструкција на булеварот „Македонски просветители“, една од најфрекфентните сообраќајници во центарот на Охрид.